Тетовското фудбалско семејство е во шок по веста за смртта на 21-годишниот Даниел Николовски, кој утрово го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа.
Николовски бил дел од младинските категории на ФК Тетекс, а подоцна настапувал и за сениорскиот состав, со што оставил свој белег во клубот и тетовскиот фудбал.
Од ФК Тетекс со порака на сочувство се простија од својот поранешен младинец и сениорски фудбалер. Оттаму посочија дека Даниел ќе остане запаметен како дел од клубското семејство.
„Ќе остане запаметен како дел од нашето Тетексово семејство и засекогаш ќе биде дел од историјата на нашиот клуб“, порачаа од ФК Тетекс.
Клубот упати најдлабоко сочувство до семејството, најблиските и сите кои го познавале младиот фудбалер.