Во Србија предлагаат да се забрани камиони да претекнуваат на автопатиштата

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Томислав Момировиќ, изјави дека по анализата на компаративните практики и различните пилот-проекти, Министерството испратило иницијатива до јавното претпријатие „Патишта на Србија“ за подготовка на студии за забраната за престигнување на камиони на автопатите на одредени интервали од време кога е зголемен интензитетот на сообраќај, пренесува весникот „Данас“.

„Нашата цел е да го забрзаме сообраќајот за патниците на автопат да можат побрзо да стигнат до целта, а забраната за престигнување камиони на автопатите ќе го намали метежот, ќе го забрза сообраќајот и дополнително ќе ја зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот“, рече министерот Момировиќ.

Тој додаде дека Србија е важна транзитна земја во Источна Европа, а Владата на Србија и ресорното министерство имаат активна политика за сообраќај, што значи дека во моментов работат на создавање Национална стратегија за развој на сообраќајот, Министерство за градежништво, сообраќај и инфраструктура.

  • Ознаки
  • 1

Поврзани вести

spot_img

Најважното