Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, полициски екипи денеска спроведуваат претреси на повеќе локации во Скопје, Куманово и други места во земјава.
Акцијата е во тек поради постоење на основано сомнение за кривично дело злоупотреба на службена должност.
Од Јавното обвинителство соопштија дека повеќе информации ќе бидат објавени по завршување на акцијата.