Во тек е Конгресот на СДСМ – Филипче: Ако некој ве праша зошто сте тука, не му велете поради фукција, туку кажете му ја вистината!

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска го одржува својот 31. Конгрес.

Во присуство на делегати и членови, претседателот на партијата, Венко Филипче, се појави на говорницата и порача дека да се биде СДСМ никогаш не било само политичка определба.

„Погледнете околу себе, погледнете го човекот до вас, ако некој ве праша зошто денеска сте тука, во ова време невреме, не му одговарајте дека сте тука поради партиската книшка, не му велете дека сте тука поради некоја функција или суета, кажете им ја вистината што ја чувствувате длабоко во нас, во градите, тука сме затоа што да се биде СДСМ никогаш не било само политичка определба“, порача Филипче.