Првиот вицепремиер Артан Груби објави дека домашната интернационална компанија „Еколог“ ќе произведува електрични возила со Next e.Go Mobile во Тетово, а инвестицијата ќе биде 720 милиони евра, пренесе Фактор.
„На годишнината од Охридскиот мировен договор, во сабота на 13 август ќе поставиме камен-темелник на новата фабрика со современа технологија за производство на електрични возила во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово.
На денешната владина седница одобривме државна помош за оваа инвестиција од 720 милиони евра, со што се отвораат 3000 до 4000 нови работни места“, напиша министерот за политички систем без да прецизира колкава ќе биде државната помош.