Во Турција меѓу банани oткриени 615 килограми кокаин

Турската полиција заплени 615 килограми кокаин во операција спроведена во јужната провинција Мерсин, соопшти обвинителството.

Во операцијата се уапсени и четири осомничени лица

Тимовите за борба против дрога пребарале контејнер во пристаништето Мерсин во кој, според декларацијата, се наоѓале само банани од Еквадор.

Меѓутоа, откриени се и 530 пакети кокаин, се наведува во соопштението.

Извор: ТВ21