Иако допрва го очекуваме доаѓањето на електричното I.D. семејство на Volkswagen, тоа може да влезе на голема врата – со перформансна R верзија. Засега без официјална потврда, но со голема доза на извесност, од VW стигнуваат најави дека веќе имаат идеја како ќе изгледа еден ваков електричен модел со високи перформанси.
Не откриваат кој би бил, ниту пак кога ќе биде покажан. Сепак реално е можно токму со него да започне покорувањето на електричниот сегмент од страна на I.D. семејството, чиј почеток е најавен за 2020 година. За постоењето планови за ваков модел прв проговори директорот на R одделението на Volkswagen Јост Капито, кој кажа дека развојот на електрично возило на високи перформанси е доста динамичен и дека од месец во месец се случуваат промени кои го отежнуваат финализирањето на деталите.
А материјал за тоа VW има доволно – веќе ни го демонстрираше преку својот I.D. R Pikes Peak болид кој го собори рекордот на прочуената планинска патека до облаците во Колорадо.
Во меѓувреме, VW планира да лансира неколку нови R модели, базирани на T-Roc, Tiguan и Arteon