Во Зрењанин утре тивок протест на просветните работници, родителите и учениците

Во Зрењанин, утре во 12 часот, на главниот градски Плоштад Слобода ќе се одржи тивок протест против насилството што се случи во белградското училиште „Владислав Рибникар“.

Вработените во училиштата, односно вработените во образованието, ги известија родителите дека нема да има настава во училиштата и во двете смени.

Наместо тоа, како што наведоа, просветните работници напладне ќе се соберат во центарот на Зрењанин, за да им оддадат почит на настраданите од немилиот настан и да им дадат поддршка на сите ученици, родители и вработени во белградското училиште каде се случи трагедијата.

Тие побараа разбирање и поддршка и ги поканија родителите и учениците утре да им се придружат на тивок протест. Како што објаснуваат во поканата, крајно време е „ние како воспитно-образовни работници и вие како родители да се обединиме и да го кренеме гласот против сите негативни појави во нашите училишта, за безбедноста на нашите деца.

Поради инцидентот во кој загинаа неколку лица, Самостојниот синдикат на просветните работници на Србија (НСПРС) побара итно разрешување на министерот за образование Бранко Ружиќ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното