Македонија

Водата во браната Липково поцрвене – надлежните смируваат, нема простор за паника

Водата во браната Липково поцрвене – надлежните смируваат, нема простор за паника

Нема простор за паника кај Кумановци, велат надлежните, откако водата на браната Липково поцрвене.

Имено, пред неколку дена во близина на браната се појави огромна црвена дамка во водата, а директорот на водостопанство Куманово, Оливер Илиевски вели дека, според првичните информации, причина за ова е одреден вид на алги кои ги има во водата.

Порачува дека целосните анализи ќе ги имаат во текот на наредните денови, но сепак додава дека нема простор за паника и сомнеж за квалитетот на водата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни