Познатото новинарско име од естрадниот свет, Елеонора Ели Лозналиева конечно на јавноста и го откри своето ново момче!
Имено, преку своето „стори“ на Инстаграм, Лозналиева прво сподели фотографија од своето ново момче кое долго го криеше од очите на јавноста, а подоцна објави и видео со кое ја потврди нивната љубовна врска.
Неофицијално, нивната љубовна врска трае повеќе од 2 години, а водителката тоа умешно го криела од јавноста. Иако ја поврзуваат со многу имиња од музичкиот свет, сепак нашите извори откриваат дека новото момче не е дел од естрадниот свет и не се занимава со јавна професија.
Како потсетување, Елеонора Лозналиева е познато новинарско име од естрадниот свет и јавноста досега ја гледаше во најголемите забавни телевизиски проекти, а последен во низата беше летниот формат „Недела на Канал 5“ кој се емитуваше на фреквенцијата на Канал 5 Телевизија, а во него гостуваа најголемите регионални ѕвезди како Аца Лукас, Адил, Слаѓа Алегро, Илма Карахмет, раперите Нучи и Војаш, како и многу други.

