Володимир и Олена Зеленски позираа за Вог, народот бесен – „Сакаат да се прослават во војна“

Една од најпознатите фотографи на денешницата, Ени Лејбовиц, и новинарката Рејчел Донадио специјално го посетија Киев за да разговараат со првата дама на Украина, Олена Зеленски, за воената состојба во нејзината родна земја, одлуката на нејзиниот сопруг да стане претседател, како и за присилното раздвојување на семејствата, со што е многу тешко да се соочат.

Иако многумина беа изненадени од фактот што претседателската двојка позираше пред објективот на Ени Лејбовиц во толку тежок момент за Украина, сепак неспорно е дека целиот свет зборува за брачниот пар, па затоа челниците на „Вог“ ги ставија на насловна, која секогаш ја красат луѓе кои биле највлијателни во текот на годината.

Олена (44) ја започна својата исповед за овој магазин со долга традиција со тоа што изјави дека не памети полош период во животот.

– Последните неколку месеци беа најлошиот период во животот на секој Украинец. Искрено мислам дека никој не знае како и на кој начин моментално преживуваме емотивно. Се надеваме дека ќе победиме. Не се сомневаме дека ќе биде поинаку и тоа не одржува во живот – смета првата дама на Украина.

Таа подвлекува дека една од најтешките работи за неа е разделбата од семејството, како и тоа што е во центарот на светското внимание поради не баш убава причина.

– Моите деца ми помагаат да го издржам овој тежок период. Не можев да преживеам без нив. На мојот сопруг му е многу потешко, кој од безбедносни причини не може да се „соедини“ со децата. Тој страда. И тогаш тоа го прават и моите деца, бидејќи не можат да се видат – објаснува Олена.

Парот Зеленски има две деца – постарата ќерка Олександра (18) и помалиот син Кирил (9).

Од своја страна, претседателот на Украина (44) во одвоено интервју за „Вог“ изјави дека е „болно загрижен“ за своето семејство.

– Не сакав да бидат доведени во опасност. Не се работи за романса. Станува збор за ужасите што се случија овде на периферијата на Киев и за сите ужаси што се случуваат сега кај нас, на окупираните територии. Но секако ми недостигаа. Многу сакав да ги гушнам. Сакав да можам да ги допрам – вели Володимир Зеленски.

И покрај тоа што е со своите деца, првата дама на Украина откри дека се чувствува „изолирана“ бидејќи не може слободно да се движи.

– Секојдневната задача како одење во шопинг е „сон што не може да се оствари“ – вели со тага во гласот.

На почетокот на војната, нашироко беше објавено дека претседателот Зеленски бил цел број еден на руската војска, додека неговата сопруга и децата биле цел број два.

– Не можам премногу сериозно да размислувам за тоа, бидејќи во спротивно би станала параноична – изјавила таа.

Конфликтни реакции на интервјуто и фотографиите

На социјалните мрежи најразновидни коментари се редат под фотографиите на брачниот пар Зеленски. Додека едни ги поддржуваат, други го гледаат украинскиот претседател како човек кој сака да се „прослави себеси во услови на војна“.

Фотографиите од брачната двојка, освен поддршка на социјалните мрежи, наидоа на негативни реакции и на сметката на украинскиот претседател, кој беше етикетиран како човек кој сака да се „прослави во воени околности“.

Само некои од реакциите се:

„Кан, Венеција, Греми награди, насловна страна на Вог – како поп-ѕвезда, а не главен човек во земја која е нападната“.

„Луѓето умираат, но Зеленски е зафатен со фотографирање за Вог“.

„Тоа се нарекува приоритети – насловната страница на Вог пред грижата за луѓето.

„Некои луѓе изгубија сè, а првата дама и претседателот се на насловната страница“.

„Нема ништо полошо од тоа – среде војна сме и насловна страница на моден магазин“