Македонија

Вонреден состанок на „Отворен балкан“: Утре ќе се одлучи дали лидерите ќе патуваат на претстојниот самит

Вонреден состанок на „Отворен балкан“: Утре ќе се одлучи дали лидерите ќе патуваат на претстојниот самит

„Во пресрет на претстојниот ЕУ-Западен Балкан самит, денес одржавме вонреден состанок на Отворен Балкан заедно со моите колеги Александар Вучиќ и Еди Рама. Разговаравме за националните позиции на секоја од земјите, регионалните перспективи како и за динамиката на евроинтеграцискиот процес. Се согласивме дека по дополнителни интерни консултации, утре претпладне ќе ја донесеме финалната одлука за нашето учество на ЕУ-Западен Балкан самитот во Брисел“, напиша премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук.

Ковачевски додаде дека денеска се разговарало и за повеќе теми кои се важни за регионот и „покренавме иницијатива за Агенција за привлекување инвестиции на Отворен Балкан, која ќе овозможи дополнителен економски развој за регионот. Тема беше и претстојниот саем за храна вино и туризам кој треба да се одржи во Белград, како и повеќе други теми кои произлегоа од последниот Самит на Отворен Балкан кој се одржа во Охрид“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни