Свет

Вонредна состојба на Исланд поради опасен вулкан

Вонредна состојба на Исланд поради опасен вулкан

Во Исланд од вчера е прогласена вонредна состојба. Ова стана неопходно по серијата земјотреси и стравувањата од ерупција на вулкан кој се наоѓа во близина на градот Гриндавик. Локалните власти веќе наредија негова евакуација.

Според исландската метеоролошка служба, ризикот од ерупција е значителен. Според научниците, тоа би можело да се случи во секое време во наредните денови.

Во последните недели тлото околу вулканот Фаг-радал-Свјал континуирано се тресе – регистрирани се повеќе од илјада земјотреси. Се отворија огромни пукнатини. Последната ерупција на овој вулкан беше во 2021 година.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни