Вонредна состојба во Софија – дрон го запре сообраќајот на аеродромот!

Вонредна состојба вечерва има на аеродромот во Софија откако неидентификуван дрон привремено го запре сообраќајот на аеродромот. 

Според бугарските медиуми, авионите кои требало да слетаат по 20 часот морале да направат дополнителни приоди и да чекаат на небото додека не добијат дозвола за слетување. На социјалните мрежи патниците исто така пријавуваат проблеми со дронот.

Софискиот аеродром објаснува дека ги известиле надлежните институции. Во меѓувреме, дронот ја напушти областа на пистата и сообраќајот на авионите е обновен.

Од Управата за летање изјавија дека за вонредната состојба пријавиле и до Министерството за транспорт, МВР и Агенцијата за национална безбедност.

Обезбедено е безбедно слетување на авионите.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното