Вооружен тинејџер упаднал во училиште во Германија, барајќи поранешна девојка

Германската полиција започна опсежна потрага по вооружен млад човек кој утрово упадна во училиште во Хаген, град во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија. Напаѓачот влегол во училиштето околу 8 часот и 30 минути, но наставниците го забележале и веднаш ја известиле полицијата.

Според достапните информации, негова цел бил еден од студентите. Во акцијата беа вклучени специјални сили и хеликоптер кои го пребаруваа центарот на градот. Како што пишува германски Билд, осомничениот е на возраст од 16 до 18 години и не одел во тоа училиште.

Специјалната полиција брзо реагираше и ја опколи училишната зграда за да ги заштити учениците и да спречи потенцијална трагедија.

Полицијата: Сите студенти се надвор од животна опасност

Специјалните полициски сили, поддржани од хеликоптери, се уште интензивно трагаат по осомничениот во центарот на Хаген. Според првичните информации, ова е поранешното момче на тинејџерката која утрово се обидел да ја нападне.

Девојката која била негова мета сега е безбедно и соработува со истражителите. Дотичниот моментално е кај нас на распит. Сите ученици се надвор од животна опасност и ја добиваат потребната поддршка од надлежните служби“, изјави портпаролот на полицијата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното