Во тек е светосавска академија во МНТ, меѓу гостите и патријархот Порфириј!

Во Македонскиот Народен Театар вечерва се одржува 18-та свечена академија по повод големиот празник Свети Сава.

На настанот присуствуваат многу гости од Македонија, но и од соседството како Србија, Република Српска, Црна Гора.

За прв пат, на централното чествување присуствува и патријархот Порфириј кој во своето обраќање истакна дека единството на македонскиот и српскиот народ е голем благослов и божји дар.

„Доживеавме денеска во овој благословен град, царско и чесно Скопје кое поради значењето на овој дел од Балканот поетски се споредува и со Цариград, доживеавме да се собереме заедно со високите државни лица на Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Република Српска, претставниците на овдешните српски организации, со најдрагите браќа и сестри скопјани и жителите на другите места и градови прославивме 850-та годишнина од раѓањето на Свети Сава“, порача Порфириј

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното