АМСМ информира дека и на патниот правец Гостивар – планински превој Стража -Кичево во 09:45 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
Како што додаваат, забраната е поради интензивни врнежи од снег.
Претходно, забрана беше воведена и на патниот правец Маврово – Дебар.