Воз преполови автобус кај Ниш, пет лица загинаа, меѓу нив и деца

Пет лица меѓу кои и едно дете, загинаа утрово во судир помеѓу воз и автобус кај селото Долно Меџурово кај Ниш. Во Ургентниот центар во Ниш хоспитализирани се повеќе од 30 повредени лица, каде неколку тинејџери се во животна опасност. Автобусот е преполовен, а дел од возот е излетан од шините. Во автобусот најголем дел од патниците се средношколци. Овој железнички премин нема рампи.

На лице место загинаа две лица и едно дете, а во тек на операција во Ургентниот центар во Ниш, починаа уште две лица. Помеѓу повредените е и едно дете на возраст од пет години.

Во Ургентниот центар во Ниш, вкупно примени се 30 лица. Со тешки повреди се здобиени повеќе од 10 патници.

Министерот за здравство, Лончар изјави дека на интензивна нега се наоѓааат 13 лица, од кои 8 се малолетни на возраст од околу 16 години. Две од нив се во животна опасност.

Од Јавното претпријатие „Инфраструктура на железници Србија“ изјави дека патничкиот воз во 7.14 тргнал од железничката станица во Ниш и се движел кон Прокупле при што удрил во автобус на премин обележан со вертикална сигнализација.

Очевидци велат дека на овој премин се случувале досега неколку несреќи и додава дека службите на итната медицинска помош брзо пристигнале утрово на местото на несреќата.

Ј.П

Извор: ТВ21