Возач на автобус во Јапонија украл 6 евра, останал без работа и 73.000 евра отпремнина

Јапонски возач на автобус со 29 години работен стаж ја изгубил отпремнината за пензија во износ од 73.000 евра, откако добил отказ бидејќи украл шест евра од пари наменети за автобуски билети.

Градот Кјото го отпуштил возачот, чие име не е објавено, откако бил фатен од сигурносна камера во неговиот автобус како присвојува шест евра (1.000 јени) во 2022 година.

Инцидентот се случил кога група од пет патници влегла во автобус и им било наплатено 1.150 јени. Возачот побарал од групата да стави 150 јени во монети во кутијата за плаќање билети, а лично ја земал банкнотата од 1.000 јени (шест евра), која не ја пријавил.

Иако бил снимен, возачот на автобусот, кој според судската пресуда бил повеќепати опоменуван поради различни инциденти, се обидел да ги негира фактите за време на разговорот со претпоставените.

Откако било одлучено да му се ускрати отпремнината, возачот го тужел градот, а Основниот суд пресудил во негова корист, оценувајќи дека казната е престрога.

Случајот потоа стигнал до Врховниот суд, кој пресудил во корист на градот и ја потврдил првичната казна.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното