Возач прегазил пешак во Скопје, па избегал!

Полицијата соопшти дека синоќа, околу 23:30 часот, на раскрсницата кај Веро Тафталиџе се случила сообраќајна несреќа во која е повреден пешак, а возачот избегал од местото на настанот.

Според информациите, патничко возило „волво“ со скопски регистарски ознаки удрило во семафор, а потоа и во пешакот, Г.Ц. (52) од Скопје. По несреќата, возачот го напуштил местото на настанот.

Пешакот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани повредите.

Полицијата започнала истрага и се обидува да го пронајде возачот кој го напуштил местото на несреќата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното