Украинските воени власти привремено го приведоа возачот на холивудската актерка Анџелина Џоли за време на нејзината ненадејна хуманитарна посета на Украина под сомнение дека избегнувал воена обврска, објавува британскиот Телеграф.
Инцидентот се случил на контролен пункт неколку часа возење северно од Николаев, кога регрутерите на украинските воени сили привеле еден член од нивниот тим – возач по име Дмитро (33) – откако било утврдено дека немал потребни воени документи.
Според украинската јавна служба Суспилна, Дмитро бил однесен во регионалниот центар за регрутација на проверка.