Возач од Шведска е лишен од слобода откако било утврдено дека на автопатот А-1, во близина на Демир Капија, управувал со возило со брзина од 175 километри на час, иако на тој дел од патот максимално дозволената брзина била 80 км/ч.
На 27 август 2026 година околу 16:00 часот, на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „фолксваген“ со српски национални ознаки, управувано од М.С. (39) од Шведска.
При проверката преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.С. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Според евиденцијата, возачот на автопатот А-1, во близина на Демир Капија, управувал со возилото со 175 километри на час, на место каде што максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час.
М.С. бил лишен од слобода, а од полицијата информираат дека против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.