ВПИВА НЕГАТИВНА ЕНЕРГИЈА И ЗРАЧЕЊЕ ОД КОМПЈУТЕРИТЕ: Успешните луѓе ја имаат оваа билка во своите канцеларии

Иако не е премногу лично на изглед, ова растение ефикасно го прочистува воздухот во домот или во работните канцеларии. Една ваква билка е доволна за просторија од десет метри квадратни.

Ако некаде прочитате термин хлорофитум, малку е веројатно дека ќе знаете за што се работи. Но, доколку ги видите фотографиите, тогаш веднаш ќе ви стане јасно дека станува збор за растение што речиси сите наши баби го имале во своите домови и куќи.

Но освен кај бабите, истото растение често се наоѓа и во канцелариите на успешни менаџери, уметници, претприемачи. Причината е едноставна. Иако не е премногу лично на изглед, ова растение ефикасно го прочистува воздухот во домот или во работните канцеларии. Една ваква билка е доволна за просторија од десет метри квадратни.

Доколку внимателно се одгледува, листовите на ова растение остануваат зелени и свежи. Тоа помага во доброто расположение на луѓето кои се во негова близина. Сепак, за да се задржат зелени, неопходно е тоа да се наводнува умерено. Доколку просторијата во која се наоѓа е премногу влажна, коренот ќе почне да скапува.

Доколку, пак, нема доволно вода, тогаш врвовите од листовите почнуваат да се сушат. Таа треба да се наводнува со обична вода, а и да се храни со течно ѓубриво. Препорачливо е да ја чувате како во дневната соба, така и во спалната.