Сунчица Јовановиќ, вработена во секторот за јавни набавки во установата за предшколска возраст во Житораџа, успеала со својата истрајност да ја смени директорката В.К. која наводно и вршела мобинг.
Сунчица работела во градинката од 2013 година, и за себе вели дека никогаш немала проблем со своите надредени, но дека со директорката никако не можела да соработува. Јовановиќ тврди дека В.К и се мешала во работата, ја бркала од канцеларија, и секогаш била нељубезна со неа. Се однесувала арогантно и нечовечки. Поради овој однос, Сунчица решила да ги превземе работите во свои раце. Таа исто така вели дека откако во октомври 2015 година В.К станала директорка, до почетокот на наредната година успеала да го промени целиот мебел во својата канцеларија, но до моментот на својата оставка не успеала да обезбеди ниту еден кревет за децата.
Откако Сунчица го информирала Управниот одбор дека ќе започне штрајк со глад доколку не се превземе нешто, директорката сама поднела оставка.
Многу сум упорна и истрајна, и веројатно тоа е причината поради која успеав. Колегите не веруваа дека ќе успеам, но јас знаев дека сум во право. Ниту еден вработен не заслужува таков однос и постојано мешање во работата. Морам да кажам дека луѓето во Управниот одбор се навистина коректни и им се заблагодарувам што го слушнаа гласот на еден вработен, вели Сунчица.
А во светот се случува и ОВА:
Жена по име Џен се нашла во несекојдневна ситуација поради која задоцнила на работа. Иако на сите ни се случува поради некоја причина понекогаш да задоцниме, шефот на Џен е оној кој со одговорот стана хит на интернет.
Таа, всушност, работи во истата компанија веќе 8 години и во целиот тој период никогаш не задоцнила. Поради тоа, нејзиниот шеф се загрижил и прашал дали е сè во ред?
Џен решила да биде искрена до крај и признала дека доцни затоа што нејзиното куче изгледало преслатко додека спие и таа го фотографирала и му ја испратила фотографијата.
Одговорот кој го добила ја изненадил:
„Погледни колку е сладок. Остани колку што треба“, а потоа ѝ понудил две влезници за настан за кучиња.
По ова, многумина се заинтересирале во која компанија работи Џен и побарале вработување таму. Таа пак, на крај ги добила и влезниците од својот шеф.


