Вработените од ЈП „Паркови и зеленило“ повторно на протест!

Вработените од ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и неговите фирми-ќерки „Флораком“ и „Луна“ трет ден по ред протестираа поради неисплатени августовски плати. Денеска блокираа делови од булевар „Илинден“ и мостот „Гоце Делчев“.

По протестот, работниците потврдија дека платата е исплатена во јавното претпријатие, но не и во двете фирми-ќерки. Затоа тие најавија нов протест утре од 10 до 12 часот пред Матично.

Претседателот на Синдикатот СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски, ги повика и вработените од „Паркови и зеленило“ да им се приклучат во знак на солидарност. Тој најави дека заедно со стручниот тим ќе подготват предлог-документ за нов модел на финансирање на претпријатието, кој ќе биде објавен пред локалните избори на 19 октомври.

Паралелно, Независниот синдикат најави нови блокади на 2 и 3 октомври од 9:30 до 11 часот, на булевар „Илинден“ до дирекцијата на претпријатието.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.