Свет

Вработените во Луфтханза штрајкуваат! Откажани 90 проценти од летовите, погодени над 100.000 патници!

Вработените во Луфтханза штрајкуваат! Откажани 90 проценти од летовите, погодени над 100.000 патници!

Копнениот персонал на германската авиокомпанија Луфтханза од денеска штрајкува за да го зголеми притисокот во преговорите за плати, јавуваат европските агенции и потсетуваат дека патниците во најсилната европска економија се повеќе ги нервираат серијата штрајкови во железничкиот и јавниот превоз.

Штрајкот започна во 4 часот и ќе трае до 7 часот во четврток, соопшти националниот авиопревозник. Околу 100.000 патници низ Европа ќе бидат погодени од оваа акција на вработените.

Синдикатот Верди најави дека ќе штрајкува во Франкфурт, Минхен, Хамбург, Берлин и Дизелдорф. Само 10 до 20 отсто од летовите ќе бидат во Франкфурт и Минхен.

Ова се барањата на синдикатот

Верди во преговорите бара зголемување на платите за 12,5 отсто за 25.000 работници или најмалку 500 евра месечно повеќе во период од 12 месеци, плус еднократна исплата од 4.000 евра за компензација на инфлацијата.

Синдикатот тврди дека повисоките трошоци за живот и големиот обем на работа поради недоволно кадар се основа за повисоки плати. Копнениот персонал на Луфтханза стапи во штрајк во јули 2022 година за време на последната рунда колективни преговори за договарање, предизвикувајќи големи нарушувања на патувањето во тоа време.

Оттогаш, Германија е погодена од серија штрајкови низ целата земја кои ги погодија авиокомпаниите, железницата и јавниот транспорт.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни