Марко Кужник во Белград Медицинскиот факултет го завршил со просек, 8.26. Тој е еден од многуте кои се образувале во Србија и мислеле дека ќе останат да го работат она што најдобро го знаат, но потоа се откажале.
Својата кариера ја продолжил во Словенија, има 39 години и е татко на едно дете.
По четири години празни ветувања решил да си замине од Белград.
„Се уморив да гледам како работа се добива партиски, со непотизам, или купување на работни места по цена од 30.000 до 40.000 евра во зависност од познанството. Се уморив да гледам како пропаѓа здравството, како пропаѓа целиот систем во Србија“ – вели тој за bizlife.
Тој сфатил дека нема цел да остане во Србија и да преживува од први до први, туку дека сака да живее нормален живот.
Додава дека сакал да работи по современи методи кои медицината ги нуди, и да има мирна совест дека му помогнал на секој пациент.
За Словенија вели дека не цветаат рози, но дека е подобро организирана од Србија.
Додава дека има недостиг од лекари и дека сите го даваат максимумот.
Вели би се вратил во Србија, само ако биде подобра од Словенија, инаку тоа би значело чекор назад и во кариерата и во животот.