На Тикток веќе некое време кружи речиси неверојатно видео во кое врана, веројатно од досада, принудува две мачки да се скараат и да се пресметаат.
Како што можете да видите на видеото кое е старо неколку години, но сега повторно стана вирално, враната прво почнала да колва со клунот и да ја провоцира мачката да се откаже од одморот, а потоа и покажала дека во близина е друга мачка.
Потоа долетала до другата мачка и почнала да ја турка со клунот во правец на другата мачка, додека не го добила тоа што го сакала. Мачките потоа посегнаа една по друга, а врана застана веднаш до нив и речиси навиваше. Во еден момент мачките се симнале од покривот каде почнале да се тепаат, а враната тргнала по нив и продолжила да се „откачува“.
@hisdudeness01 #fyp #foryou #foryoupage #cat #cats #catsoftiktok #crow #fight #animal #animals #smartanimals #animalfight #funny #smart #hilarious #pets #fights ♬ original sound – hisdudeness
