Вратен летот од Белград за Анталија: Итно се огласи Ер Србија, еве ја причината

Денешниот лет на Ер Србија од Белград за Анталија е вратен во Белград поради технички причини, објави компанијата на Инстаграм.

Според нив, авионот безбедно слетал на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ во 9 часот и 5 минути, а безбедноста на патниците „во ниту еден момент не била загрозена“.

„Следствено, повратниот лет од Анталија за Белград исто така ќе се изврши подоцна од предвиденото време“, соопштија од Ер Србија.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното