По еден месец, 7-те Албанци кои беа отпуштени од своите работни места во Министерството за односи меѓу заедниците , предводено од Иван Стоилковиќ, се вратија на своите работни места.
Нивното отпуштање предизвика бројни реакции во јавноста, а сега е утврдено дека било неосновано и неправедно. Одлуката за нивно враќање ја донела Агенцијата за администрација.
По оваа одлука на Агенцијата, вработените имаат право да тужат и да бараат надомест на штетата предизвикана во периодот кога биле отпуштени.
