Вратите на Лувр утринава повторно се отворени за посетителите, првпат по кражбата што се случи во неделата, кога четворица провалници украдоа осум драгоцености, нанесувајќи штета проценета на 88 милиони евра.
Веќе од 9 часот наутро, во вообичаеното време за отворање, првите посетители почнаа да влегуваат во најпосетуваниот музеј во светот, пренесува „Фигаро“.
Галеријата на Аполон, каде што беше извршена кражбата, сè уште е затворена за посетителите.