Јавното обвинителство во Брауншвајг и полицијата истражуваат неколку случаи на злоупотреба на довербата во раководството на Бад Сакс. Во средата, 45 полицајци извршија претреси во девет згради, вклучително и градското собрание, неколку државни канцеларии и два локални бизниси.
Во фокусот на истрагата се некои градски функционери. Според германските медиуми, еден работник, долгогодишен вработен, наводно лажно пријавувал прекувремена работа и дежурства низ годините.
До 150.000 евра годишно за прекувремена работа и дежурства?
Според договорот, неговата годишна плата е околу 50.000 евра, со прекувремена работа и дежурства.
Наводно, овој работник покажал и наплатувал дури 150.000 евра годишно прекувремена работа, со што годишната заработка му се зголемила на околу 200.000 евра.
– Тоа не може да биде вистина“, изјави за германските медиуми портпаролот на јавното обвинителство. Тоа би значело дека човекот морал да работи 400 часа прекувремена работа секоја недела…
Доколку се потврдат наводите, се поставува прашањето кој ги одобрил плаќањата во таков обем и колку траело тоа.
Уште два сомнителни случаи
Дополнително, се истражуваат уште два случаи кои се однесуваат на прекршување на законот за јавни набавки и можна корупција.
Меѓу другото, се тврди дека градот доделил договори на локална фирма за уредување без претходна јавна набавка, велат од обвинителството. Претставникот на таа фирма и градскиот функционер наводно се блиски роднини.
Третиот случај се однесува на сомнеж дека услугите што ги извршила услужна компанија се наплаќале по нереално високи цени. Се истражуваат и сомнителните односи на градскиот функционер со таа компанија, јавуваат германските медиуми.