Слободно може да се каже дека таа е една од најзгодните млади мајки на домашната естрада.
Јана Бурческа, или како што милуваат да ја наречат, Бурче, наскоро гледачите на македонската телевијата ќе имаат можност да ја гледаат во едно сосема поинакво светло од она што ја знаеме досега.
Почна како тинејџерка на шоуто „Македонски идол“ каде одлично се пласираше пред публиката, потоа продолжи со градење на своето име и музичка кариера, настапуваше редовно по фестивали, а ја дочека и Евровизија за да ја претставува Македонија.
Потоа стана мајка и се препушти на семејството и мајчинските обврски.
Но сега таа се враќа на ТВ евраните и тоа во една сосема неочекувана улога, како водителка на музичката емисија „Стисни плеј“ чиј уредник е досегашната водителка Александра Јовановска, која за порталот Репортер откри дека таа ќе биде во позадина, а нови водители ќе бидат Јана и гитаристот Бојан од групата „Акустик дивижн“.
Нема сомнеж дека Јана ќе блесне и во оваа улога.
Јана Бурчевска, која во октомври минатата година стана мајкаж во едно неодамнешно интервју истакна дека одлично се снаоѓа во улогата на мајка и е пресреќна.
– Наша Дона (но не како Дона на Калиопи – станува збор само за прекрасна случајност) се роди со првите пушки, на 11 октомври, како прав борец против фашизмот и цела е на тато! Породувањето помина одлично, како по книга, благодарение на стручниот тим на кој ја доверив бременоста. Бебето прв пат го видов веднаш по раѓањето и во моментот само помислив „бебе, животче“ што веројатно беше начин на воодушевување на начинот на кој природата не скроила нас жените. Како за сефте родители, се разбира дека бевме прилично смотани, најпрво. Но, помина доволно време, а и имавме стручна обука од баба и дедо, па сега одлично се снаоѓаме и сами. Најмногу ни помага Дона бидејќи е многу умна и ноќе спие дури и по 6 часа. Срце мајкино, изјавила Јана.