Временска прогноза на Славчо Попоски: Натпросечно високи температури на воздухот

Во текот на денешниот ден (недела) ќе има умерена локална облачност а не се исклучува можноста и за сосема слаб локален и краткотраен дожд. Потоа ќе продолжи периодот на претежно сончево и натрпосечно топло време за овој дел од годината, ќе има и мала локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од променлив правец.

И во текот на следните денови максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени. Ув индексот ќе има умерено висока вредност и ќе има коефициент помеѓу 4 и 5.

И од УХМР истот така предвидуваат сончево време со високи дневни температури кои ќе продолжи и во наредната недела. Метеоролозите најавуваат дневни температури до 28 степени, но утрата ќе бидат студени.

Од таму соопштуваат дека во наредните денови продолжува периодот на сончево време со мала до умерена локална облачност. Утрата ќе бидат студени, а дневните температури ќе бидат без позначителни промени и ќе се задржат малку над просекот за овој период од годината.

Утринските температури ќе се движат меѓу два и 10 степени, а дневните меѓу 19 и 28 степени.

Од среда се очекува постепен постепен пад на температурата на воздухот.