Оние кои се подложни на проблеми при големи температурни разлики, се препорачува денеска да избегнуваат излегување на отворено, затоа што ќе има големи температурни разлики.
Утрото ќе биде претежно студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.
Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.