Врие од полиција во скопски Чаир, пукање доцна вечерва!

Пукање вечерва во скопски Чаир. Според информации на 4NEWS.mk повредено е најмалку едно лице.

Пукањето се случило во близина на Веро Чаир.

Според неофицијалните информации во моменов во бегство се лица кои се наоѓаат во автомобил марка Пасат со кумановски регистарски ознаки.

Во тек е полициска акција.

На лице место има зголемено присуство на полиција и специјални сили.

Оваа вест е во развој…