Врнежи од снег кај Кичево, Пресека и Буково: Активни забрани за тешки возила на неколку правци

Во Кичево, Пресека и Буково се бележат слаби врнежи од снег, соопштува Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Активни забрани за тешки товарни возила има на патните правци Гостивар – Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево, Струмица – Берово и Тетово – Попова Шапка.

ЈП „Македонија пат“ ги повикува возачите на патот Маврово-Бунец преку Никифорово и Леуново да ги отстранат возилата заради непречено работење на екипите. Сообраќајот се одвива по влажни и снежни коловози.

АМСМ потсетува дека од 15.11.2024 започна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која трае до 15.03.2025.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното