Македонија

Втор ден жалост за жртвите од страшната автобуска несреќа

Во Македонија денеска е вториот ден на жалост по страшната сообраќајна несреќа на македонскиот автобус во која вчера на автопатот „Струма“ во Бугарија загинаа 46 патници, а седум лица се повредени.

Владата вчера на седница прогласи тридневна жалост на територијата на целата држава.

За време на деновите на жалост државното знаме на сите институции, како и на дипломатските претставништва на земјава во странство, се истакнати на половина копје, а одложени се сите јавни настани.

Ден на жалост за настраданите во автобуската несреќа денеска е прогласен и во Бугарија и во Косово. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни