Претседателот на Србија Александар Вучиќ, истакна дека никогаш не би „играл“ како Македонија со консултативен референдум за да се прифати нешто, во овој случај Договорот од Преспа.
„Тоа сум го рекол стопати. Јас нема да си играм како во Македонија со консултативните референдуми, на кои народот кажува дека е против, а вие во Собрание го изгласувате тоа. Мислам дека тоа е добар договор за нив, го поздравив, но начинот на кој е изведено тоа, јас тоа никогаш не би го направил“, изјави Вучиќ за српската телевизија Хепи.
Вучиќ додаде дека кога еден референдум нема да успее, може само да се констатира дека не успеал, и да се соопшти на јавноста.
„Да имаше било каков референдум во Србија и да добиевме 49 отсто, а другата страна 51 отсто, ќе поднесев оставка и ќе кажам дека референдумот во согласност со Уставот и законот не успеа и граѓаните се решиле за некоја друга опција. Мора да ги почитувате граѓаните“, додаде претседателот на Србија.