Вучиќ како Груевски: Не ми паѓа на памет да бегам од Србија, јас не крадам како другите

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во интервју за српскиот портал ESPRESO.rs вели дека не му паѓа на памет да бега од Србија. Вели дека тој не е како другите политичари кои крадат.

Ова е многу познато по поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски кој пред да избега во Будимпешта исто така тврдеше дека нема да ја напушти Македонија и дека доколку има докази против него за кривични дела ќе одговара.

За потсетување, се уште не се знае точно како Груевски ја напуштил Македонија, но сигурно е дека тој се наоѓа во Будимпешта од каде неколку пати објави статус на Фејзбук, а беше снимен и фотографиран од тамошните медиуми.

Извор: ТВ21