По повеќегодишните закани, таканаречената косовска армија беше официјално формирана на нелегално незаконски начин, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќањето на јавноста на вонредната прес-конференција. Претседателот истакна дека Албанците покажаа дека не се грижат за почитувањето на правата и правдата.
“Ние заклучивме дека формирањето на Армијата на Косово е во спротивност со меѓународното право и нивниот нелегални устав. Овој потег се заканува на мирот и безбедноста. Србија има поднесено барање за свикување седница на Советот за безбедност, јас сум подготвен како претседател на седницата да бидам присутен”, рече Вучиќ.