Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа во интервју за ТВ Парва изјави дека никогаш не се заколнал дека нема да воведе санкции кон Русија, јави белградската агенција Бета.
„Не знам дали ќе не принудат, но издржавме осум месеци“, изјави Вучиќ за ТВ Прва, посочувајќи дека некои тврделе дека ќе ги воведе веднаш по изборите.
Како што рече, „додека нема егзистенцијална закана за Србија, ние нема да (воведуваме санкции), ќе следиме политика на независност и политика што ја воспоставивме со одлуките на Советот за национална безбедност.
„Доколку Србија е егзистенцијално загрозена, ќе се обратам до граѓаните и ќе кажам дека мораме да го направиме тоа поради ова и она. Но тој момент не дојде“, рече српскиот претседател.
На прашањето дали Русија ќе покаже разбирање доколку Србија и воведе санкции, тој одговори негативно и додаде дека „никој не не разбира“.
Според неговите зборови, „Западот вели: „Кои сте вие, србинки, сакате да водите своја политика, а вие сте и на европскиот пат!“, додека „Русија мисли дека Србија треба секогаш да биде со неа“.
„Не е фер некој од Русија да и се лути на Србија, ние сме единствената земја која осум месеци не се приклучи на ниту една декларација против Русија во врска со санкциите“, рече Вучиќ.