Вучиќ објави новa снимка на Тик Ток, граѓаните се возбудија: „Не зафркава“

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави ново видео на ТикТок. Вучиќ на снимката разговара со српскиот министер за финансии Синиша Мали.

Мали го праша со која историска личност би сакал да вечера, на што Вучиќ одговара: „Раул Кастро, вторпат и Никола Јокиќ, прв пат“.

На прашањето со кого би сакал да се размени на еден час, Вучиќ на својот министер му вели: „Со тебе“.

Прашањето кое ги предизвика корисниците на социјалните мрежи е што би посакал Вучиќ доколку улови златна рипка и има право на една приватна и една деловна желба. „За моите деца да бидат живи, здрави и поуспешни од нивниот татко. И да остане запаметен во историјата како некој што многу и за добро ја променил Србија“, вели Вучиќ.

@jasamaleksandar E da mi je da sam @Siniša Mali samo jedan sat. To bi bila milina božja! #jasamaleksandar #srbija🇷🇸 ♬ original sound – Ja sam Aleksandar

Одговорот на прашањето за златната рипка ги испровоцира корисниците на социјалните мрежи кои не се воздржаа во своите коментари.

„Се сеќавам сигурно, но на кој начин…“

„Не заебава“.

„Мислам дека некако успеа да го состави ова за рибата“.

„Нашата земја заспива, нормално е да те снимаат како си ја шишаш косата и одговараш на прашања…“

Вучиќ веќе извесно време објавува видеа на TikTok, а претходно објави видео на кое тој и Мали вежбаат на опрема на отворено.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното