Балкан

Вучиќ од Бугарија: Ќе изградиме интерконектор меѓу нас и Македонија

Вучиќ од Бугарија: Ќе изградиме интерконектор меѓу нас и Македонија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска присуствуваше на церемонијата во Софија по повод пуштањето во употреба на гасниот интерконектор Бугарија-Грција.

-Гасот е од другата страна, имаме една милијарда кубни метри гас, купуваме две милијарди од Русите и би било идеално да купиме уште една милијарда од другата страна – рече Вучиќ и вели дека е благодарен на европските Комисијата за нејзината поддршка.

– Ќе изградиме интерконектор меѓу нас и Северна Македонија, што е важно од многу причини.

Да потсетиме, Вучиќ за проектот рече дека тој е важен и за Србија, бидејќи интерконекторот меѓу Србија и Бугарија ќе биде готов за една година.

Тој рече дека новите интерконектори со Бугарија и Северна Македонија ќе значат многу за Србија и дека без Европската унија никогаш немаше да ги постигнеме тие цели.

Вучиќ и порача на Урсула фон дер Лајен да влијае врз земјите од ЕУ да им помогнат на балканските земји за време на енергетската криза.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни