Вучиќ: Подготвен сум да ги слушнам незадоволствата на граѓаните, прифаќам и избори

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека е подготвен да ги слушне незадоволните граѓани кои протестираа на улиците и да подлегне на нивните притисоци, но нема да подлегне на притисоците на “лажната” опозиција.

Тој за “Пинк ТВ” изјави дека е подготвен да ги слушне граѓаните и да го промени она што не е добро, но дека ако граѓаните мислат дека ова е невозможно, можат да излезат на гласање.

“Јас сум подготвен да слушнам од луѓето што е лошо и да го изменам или ако сметаат дека е тоа невозможно, спремен сум да одамна избори во секој момент. Јас прифаќам, ова е вашиот избор”, рече Вучиќ.

Тој рече дека може да подлегне на притисокот на народот, но не и на политичарите, кои ги нарече лажговци.

Вучиќ и порача на опозицијата дека може “само да сонува” дека ќе подлегне на нивните притисоци.

Тој, исто така, рече дека не ги броел учесниците на протестот, а дека може да каже точно колку имало, но сепак нема, бидејќи сака да покаже почит кон граѓаните.

Вучиќ, исто така, изјави дека Србија наскоро ќе го добие Законот за потекло на имотот.

“Сега ќе го донесеме законот за да видиме кои се крадци кои немаат покритие за своите пари”, рече Вучиќ.

Рече дека тој лично ја прашал министерката за правда, Нела Кубуровиќ, кога ќе биде готов, додавајќи дека сака прво да го испроба Законот за потекло на неговиот имот.

Извор: ТВ21