Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска донесе одлуки за помилување на 13 лица кои беа приведени за време на блокадите, соопштено е.
Да потсетиме, претседателот во понеделникот на 27 јануари во обраќањето пред граѓаните од Палатата Србија изјави дека ќе биде подготвен да потпише помилување од кривично гонење за приведените студенти и професори.
Во јавните обвинителства во Србија кривично се гонети 13 студенти и професори, а претседателот изјави дека се планирало одлуката за помилување да биде поднесена најдоцна до среда, а тоа е направено денеска.
Претседателот на Републиката донесе 13 одлуки за помилување:
Донесени се одлуки за шест ученици:
-Д.Б од Нови Сад, М.М.од Нови Сад, М.К.од Нови Сад, И.Б.од Пожега, Р.С.од Сремска Каменица, М.С.од Жабље
Исто така, за еден декан:
-Н.Ј од Ниш
Еден доцент на факултетот:
-Р.Ј. од Нови Сад,
Четворица директори на училишта:
-Б.М од Шабац, М.Е.од Богатиќ, М.И од Шабац, С.М.Ј од Шабац
-и еден помошен работник во училиштето – В.М од Прокупље.
До Министерството за правда се доставени решенија за помилување на претседателот на Републиката заради спроведување на понатамошни постапки, се вели во соопштението од Претседателството.
Предлозите на министерот за правда за помилување со кое се дава изземање од кривично гонење беа доставени до Претседателството во понеделник на 27 јануари.
Комисијата за помилување на денешната седница ги разгледа предлозите на министерот за правда и едногласно ги усвои предлозите за помилување, за што беше информиран и претседателот на Републиката.
Претседателот на Републиката по разгледувањето на предлозите на министерот и предлозите на Комисијата за помилување донесе 13 решенија за помилување.
Вучиќ синоќа изјави дека се исполнети сите барања на студентите освен едно, а тоа е да се потпише помилување за 13 лица кои беа приведени за време на блокадите и дека тоа ќе го стори денеска.