Не стивнуваат реакциите по воведување на таксите за српските производи за 100% од страна на косовските власти. Србија ова го смета за одмазда за непримањето на Косово во Интерпол.
Српскиот претседател Александар Вучиќ апелираше до Косово да ја повлечат одлуката.
„Јас ги замолувам властите на Приштина да ја повлечат одлуката. Свесни сме колку вие сакате независно Косово, но исто така треба да знаете дека вакви потези не се потребни, туку потребен е дијалог“, потенцираше Вучиќ.
Од друга страна, пак, Рамуш Харадинај претседателот на Владата на Косово истакна дека таксите остануваат се додека Србија не го признае Косово.
„Само признавање на независно Косово од страна на српската држава, може да ги намали таксите“, рече Харадинај.