Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека нападот врз жителите на Младеновац е напад врз цела Србија.
Вучиќ изјави дека утрово му предложил на премиерот да ја врати смртната казна, но тоа било одбиено, бидејќи Србија ќе биде единствената земја покрај Белорусија која ќе има смртна казна.
Порано бев против смртната казна, но горко жалам што имам таков став“, изјави Вучиќ.
Вучиќ рече дека во следните шест месеци ќе бидат ангажирани 1.200 нови полицајци задолжени за училиштата. Зборувајќи за нападот кај Младеновац, во кој загинаа осум лица, тој рече дека тоа е „терористички чин“ и дека „негативецот никогаш повеќе нема да ја види светлината на денот“, дека „нема да излезе од затвор“. Сите луѓе кои имаат оружје, што е околу 400.000 луѓе, ќе бидат подложени на ревизија, рече тој.
Тој изјави дека во Србија има повеќе од 5.200 ученици и дека родителите се загрижиле.
„Тогаш се појавува некој, без разлика дали е психопат, чудовиште или ѓавол и без тронка каење ги убива вашите деца… Како да ги смириме родителите? Има неколку нови мерки… Ќе добиеме 1.200 нови полицајци во следните шест месеци и веднаш ќе почнеме со тоа и ќе префрлиме уште 1.000 полицајци да поминуваат време во училиштата… Се додека не успееме за една година да го достигнеме нивото кое полицаец е секогаш на училиште“, рече тој, оценувајќи дека со тоа насилството во училиштето ќе се намали за 80 проценти.
Владата на Хрватска ќе донесе заклучок со кој ќе го задолжи МВР да подготви итни измени на законот за оружје, со цел да се заострат условите за поседување кратко огнено оружје.
„Сите луѓе што имаат оружје, не зборувам за ловечко оружје, тоа се околу 400.000 луѓе – ќе бидат подложени на ревизија, нема да останат повеќе од 30 до 40.000. Ќе извршиме речиси целосно разоружување на Србија, а казните за нелегално поседување оружје ќе бидат големи, речиси ќе се удвоиме“, изјави тој.
Ќе се вршат шестмесечни и годишни проверки заедно со психијатриски и психолошки прегледи, рече тој и додаде дека задолжително ќе биде тестирање на психоактивни супстанци.