Вучиќ, Вучевиќ и Брнабиќ ќе се обратат во 18 часот, ќе соопштат важни вести!

Денеска во 18 часот ќе се обратат Александар Вучиќ, претседател на Србија, Милош Вучевиќ, премиер и Ана Брнабиќ, претседател на Народното собрание.

Прес-службата на Вучиќ соопшти дека тој ќе зборува од Палатата Србија.

Обраќањето синоќа го најави Ана Брнабиќ, гостинка во ТВ Пинк, кога исто така рече дека ќе бидат објавени важни одлуки на кои се уште се работи во тој момент, а утрово Вучиќ на Инстаграм порача „Среќен Савиндан! Останете со нас, попладне ќе им соопштиме на граѓаните на Србија важни вести“.

Голема студентска блокада на Автокоманда во Белград.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното