Балкан

Вучиќ: За Македонија и Албанија нема да важат одлуките за забрана за извоз на основните прехранбени продукти

Вучиќ: За Македонија и Албанија нема да важат одлуките за забрана за извоз на основните прехранбени продукти

“Било која земја од Отворен Балкан ако донесе одлука за забрана за извоз, таа нема да важи меѓу нас членките”, ова го изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Тој повика власта и опозицијата да ја разберат идејата на Отворен Балкан оти “само така ќе има резултати”.

Денеска е формирана и комисија за кризи која ќе работи за решавање на проблемите со кои земјите ќе се соочат оваа есен и зима.

Вучиќ заклучи дека моментално односите меѓу земјите-членки се на историски максимум.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни